Одговор на Вардар 1961 на одлуката за одложување на натпреварот со Елверум

Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум.

Почитувани,

Ја добивме вашата одлука за одложување на натпреварот помеѓу Вардар 1961 и Елверум. Иако минатиот петок не известивте за можноста за одложување на натпреварот, сепак ние сме изненадени од одлуката и мора да забележиме дека оваа одлука е донесена без консултација со Вардар 196.

Како што е соопштено во официјалната информација, причина за одложување се можните проблеми за повторно влегување во Норвешка поради правилата на норвешката влада за карантин на патник што пристигнува од Република С. Македонија.

Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот, вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, како и изолираната резервација на хотелот само за луѓето од Елверум.

Потсетуваме, СЕХА Ф4 беше организиран со учество на Вардар 1961, на највисоко можно ниво и без никакви проблеми за време на турнирот и по завршувањето на турнирот за која било од учесничките екипи.

Во согласност со протоколите на Република С.Македонија, овој натпревар требаше да се игра без гледачи, а дополнително обезбедуваме редовно тестирање пред натпреварот и по натпреварот. Затоа ризикот е минимален и сметаме дека опцијата за играње на натпреварот мора да биде исцрпена. Тоа е редовна пракса во ЕУ, патниците кои имаат негативен PCR тест да не се бара да се стават во карантин.

Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.

Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото.

Со почит,

понеделник, 21 Септември 2020 - 18:23