Одбраната на Куп титулата почнува со дуел против Прилеп

Екипата на Вардар викендов ја почнува одбраната на Куп титулата и тоа со домашен натпревар против Прилеп. Нашиот им беше извлечен со ждрепка во Група 4 заедно со екипите на Прилеп, Струга и Металург 2. Бидејќи ниту една екипа не ја зема организацијата на четврт-финалната група ќе се игра на теренот на екипата што е прво извлечена.

Во полуфиналето од оваа група 4, Вардар во сабота е домаќин на Прилеп во СЦ „Јане Сандански" во 14 часот.
Во второто полуфинале играат Струга и Металург 2.
Финалето се очекува да се игра меѓу Вардар и подбриот од дуелот Струга - Металург 2. Овој финален меч треба да се игра на теренот на Струга или на Металург 2 и тоа во недела од 18 часот.

Нашата втора екипа, Вардар јуниор во Купот игра во група заедно со Астраион, Охрид и Еурофарм Работник. Средбите с еиграат денеска во Битола.
Астраион - Вардар јуниор (13 часот)
Охрид - Еурофарм Работник (15 часот)
Финале: 19, 30 часот.

петок, 19 април 2019 - 12:15