Од Украина се враќаме без бодови

Како дел од згуснатиот календар на играње на натпревари ракометарите на Вардар1961 гостуваа во Украина кај тимот на Мотор Запорожје во рамките од СЕХА Газпром лигата. Тоа беше наш трет натпревар сезонава во регионалното натпреварување и прв пораз. Од Украина се враќаме без бодови, откако Мотор триумфираше со 30-23 (16-9).

За Запорожје отпатувавме без Јотиќ, Ристовски, Чупиќ и Мишевски. Своја шанса за играње повеќе доби Мартин Карапалевски кој на средбата постигна 4 гола, но поради лошата игра на тимот неговиот настап остана во сенка. Формата што ја покажа Карапалевски навестува дека во иднина ќе добива повеќе шанса на натпреварите.

Проблематичниот почеток на средбата и водството на домашните ракометари од 6-0 беше клучниот дел. Се потоа беше тешко за враќање во игра, а домашните ракометари знаеја таа разлика да ја сочуваат па и да ја зголемат во второто полувреме. Вардар1961 првиот гол го постигна дури во 11 минута.

Вардар одигра лошо, играше тешко и се што се обидуваа играчите да сторат во напад тешко минуваше низ домашната одбранат. Немаше идеја како да се парира на играта на Мотор, а тешко се стигнуваше до позиција и за намалување на негативата. Во 41 минута Мотор имаше предност од 23-13 кога веќе стануваше јасно дека Вардар ќе му биде тешко да направи пресврт.

Овој пораз може да донесе и проблеми во продолжението на групната фаза од СЕХА лигата бидејќи ќе треба да бркаме победа од најмалку седум гола во реваншот за да можеме да сметаме да бидеме пред Мотор на табелата, и да си ги здржиме шансите за полесен пласман на Ф4 турнирот во 10. сезона од СЕХА Газпром лигата.

Мотор - Вардар 30-23 (16-9)
ВАРДАР 19161: Шеваљевиќ 5, Валчак 1, Стоилов, Димитриоски 4, Георгиевски 2, Карапалевски 4, Дисингер, Калараш, Гаџа, Талески 4, Дибиров 2, Векиќ 1, Атанасовски, Кантегрел, Кизиќ.

 

недела, 28 февруари 2021 - 01:01

Share on Facebook