Од следната недела продажба на билетите за мечот Вардар - Веспрем

Од четврток (31 јануари 2019) во продажба се пуштаат билетите за следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем.

Натпреварот е закажан за 16 февруари 2019 година кога Вардар е домаќин на Веспрем во првиот домашен меч годинава во Лигата на шампионите. Истиот натпревар е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански"

Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите остануваат уште четири кола. По 10 одиграни натпревари Вардар е на второто место во Група А со 13 бода, еден повеќе од Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.

На првиот меч одигран во Унгарија во ЛШ сезонава победи Вардар со 27-25

Првиот од групната фаза на ЛШ директно ќе се пласира во четвртфиналето на ЛШ, а екипите пласирани од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Нивни противници ќе бидат екипи од Група Б и плус уште едне тим што ќе се избори од квалификациите од групите Ц и Д.

 

среда, 23 јануари 2019 - 09:40