Oд Полска се вративме без бодови

Во натпреварот на неделата во ЕХФ лигата на шампионите Вардар гостуваше кај Кјелце во Полска. По ремито во Скопје 28-28, сега претстоеше уште две долги и неизвесни полувремиња. „Црвено-црните" се уште мака мачат со повредите на дел од играчите, па поради тоа во Полска не отпатуваа ниту Даинис Криштопанс ниту Сергеј Горбок. И други ракометари се жалеа на повреди што значително го намали изборот на терен. На крајот Вардар се врати со пораз, 25-35 и без бодови.

По 8 одиграни натпревари Вардар е на петтото место со 9 бода, само два помалку од второпласираниот Монпелје и четири од лидерот Кил. Од првото до шестото место разликата е пет бода. Овие шест екипи: Вардар, Кил, Монпелје, Веспрем, Кјелце и Порто веројатно ќе се борат за првото место што води директно во четврт-финалето на ЛШ, а другите ќе играат во сминафиналето.

Имавме негатива во текот на целиот меч, но можеме и да жалиме што во првиот дел не искористивме многу шанси со кои сигурно текот на средбата ќе добиеше понаков тек. Имавме доста погодени стативи и одбиени топки што завршија кај противникот. Никако не успеавме да ја намалиме негативата на под два гола. При резултат 8-6 за Кјелце имавме две одлични шанси да израмниме. Кјелце ги користеше нашите грешки и лесно казнуваше за нашата игра „7 на 6". Така примивме повеќе голови.

Домашните ракометари направија потоа и првпат разлика од „плус 5" за 12-7 и 15-10. Ние пак намаливме на 15-12, но трите гола предност остана до крајот на полувремето, 17-14.

* Фото галерија од натпреварот

Повторно имавме проблеми со бековската линија, па на моменти игравме со Чупиќ на десен бек. Сите тројца голмани добија шанса, а Марко Кизиќ имаше и неколку добри интервенции.
Кристијан Дисингер намали на 17-15 на стартот на вториот дел, но потоа неколку грешки на вардарци и казните стигнаа, па Кјлце ги врати плус петте гола, за 20-15. Домаќинот имаше и шест гола разлика, иако Кизиќ бранеше солидно во овој период.

Келце стигна до 28-21 на десетина минути до крајот, но Дибиров и Скубе набрзина намалија на 28-23. Домашните се вратија на 30-23 и до крајот одработија рутински за конечни 35-25.

kjelce_-_vardar_zapisnik_od_natprevar.pdf

kjelce_-_vardar_staistika_od_natprevarot.pdf

сабота, 16 ноември 2019 - 23:51