Објавен календарот за СЕХА лигата: Вардар 1961 почнува со Нексе

Новата сезона во СЕХА Газпром лигата за Вардар 1961 ќе почне на 1 февруари 2021 година со домашен натпревар против Нексе. СЕХА лигата го објави календарот за натпреварување, а за во декември 2020 се планирани само две средби. Нашиот тим своите мечеви ќе ги игра во февруари, март и април 2021 година.

Според пропозициите екипите се поделени во две групи и се игра по принципот "натпревар дома и во гости". Потоа во зависност од пласманот во групата се играат елиминации во осминафиналето.
Првопласираните две екипи од групите се директно пласирани во четврт-финале, а оние на 3 и 4 место ќе играат во осминафиналето.
Потоа се игра четврт-финале каде се приклучуваат и Мешков Брест и Веспрем.

Вардар 1961 е во група со екипите на Нексе, Мотор Запорожје и Војводина.
Во другата група се: Еурофарм Пелистер, ППД Загреб, Татран и Металопластика.

Календар за СЕХА лига - сезона 2020/2021

01.02.2021
Вардар 1961 - Нексе

13.02. 2021
Мотор - Вардар 1961

28.02.2021
Војводина - Вардар 1961

19.03.2021
Вардар 1961 - Мотор

24.03.2021
Нексе - Вардар 1961

04.04.2021
Вардар 1961 - Војводина

1/8 финале
прв меч: 10/11/04.2021
втор меч: 14/15.04.2021

1/4 финале
прв меч: 04/05.05.2021
втор меч: 14/15.05.2021

Мечевите од полуфиналето и за Ф4 турнирот дополнително ќе бидат објавени.

 

четврток, 17 декември 2020 - 13:23