Обезбедете си место навреме - уште 500 билети за дуелот Вардар - Кјелце

За утрешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце во продажба има уште 500 поединечни билети. Обезбедете си навреме билет за натпреварот.

Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за овој меч. Истите важат и за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Кјелце се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар - Кјелце е закажан за в сабота, 1 декември во 17,30 часот.

 

петок, 30 ноември 2018 - 14:02