Ново признание за Циндриќ - избран за ЕХФ играч на месецот

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ ја имаше најдобрата сезона во досегашната кариера, а како круна дојде и освојувањето на европската титула во лигата на шампионите. Сега од страна на ЕХФ доби уште едно признание, играч на месецот.

Циндриќ му ја донесе првата радост на Вардар во Келн, со постигнување на гол во последните секунди на полуфиналето со Барселона, по што „црвено-црните" првпат се пласираа во финалето. Вардар потоа и во финалето одигра инфаркт натпревар, и го победи ПСЖ за освојување на европската круна.

Вардар сезонава покрај триумфот во лигата на шампионите, ги освои и трофеите во СЕХА Газпром лигата, и двојната круна во првенството на Македонија.

Признанието ЕХФ играч на месецот се избира од сите европски купови и плус од настапите за националните репрезентации. Потоа навивачите гласаат, а Лука Циндриќ беше прогласен за најдобриот играч во јуни.
Во конкуренција со Циндриќ беа и Арпад Штербик, Вуко Борозан, Тјери Омејер и Никола Билук

Во женска конкуренција, истото признание го освои Анита Горбич од Ѓер.

 

вторник, 11 јули 2017 - 15:33