Новата сезона во првенството на Македонија почнува на 8 септември

Новата сезона во машката Супер лига на Македонија ќе почне на 8 септември, а Вардар1961 во првото коло ќе игра против дебитантот Скопје.

Сезонава во лигата има 12 екипи, и ќе се играат во регуларен дел 22 кола, потоа продолжува плејоф и плеј аут. Во разигрување за плејоф, првите 6 екипи пренесуваат бодови, од 5 за првиот, а последниот стартува без бодови.

До крајот на годинава треба да се одиграат 17 кола од регуларниот дел, потоа ќе има пауза поради ЕП. Се продолжува на почетокот на февруари 2022 година.

Плејофот почнува на 26 март и треба да трае до 29 мај.

Двојките за првото коло се:
Вардар – Скопје
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет

 

Распоред на Вардар1961за регуларниот дел на Супер лигата 2021/22:

1. коло: 8/9 септември 2021 – Вардар1961 - Скопје
2. коло:11/12 септември 2021 – Вардар1961 - Радовиш
3. коло: 18/19 септември 2021 – Охрид - Вардар1961
4. коло: 25/26 септември 2021 – Вардар1961 - Еурофарм Пелистер
5. коло: 2/3 октомври 2021 – Бутел - Вардар1961
6. коло: 9/10 октомври 2021 – Вардар1961 - Металург
7. коло: 16/17 октомври 2021 – Пролет - Вардар 1961
8. коло: 23/24 октомври 2021 – Вардар1961 - Прилеп
9. коло: 30/31 октомври 2021 – Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961
10. коло: 10/11 ноември 2021 – Вардар1961 - Тиквеш
11. коло: 20/21 ноември 2021 – Струга - Вардар1961
12. коло: 27/28 ноември 2021 – Скопје - Вардар1961
13. коло: 4/5 декември 2021 – Радовиш - Вардар1961
14. коло: 11/12 декември 2021 – Вардар1961 - Охрид
15. коло: 18/19 декември 2021 – Еурофарм Пелистер - Вардар1961
16. коло: 22/23 декември 2021 – Вардар1961 - Бутел
17. коло: 25/26 декември 2021 – Металург - Вардар1961
18. коло: 2/3 февруари 2022 – Вардар1961 - Пролет
19. коло: 5/6 февруари 2022 – Прилеп - Вардар1961
20. коло: 12/13 февруари 2022 – Вардар 1961 – Еурофарм Пелисер 2
21. коло: 19/20 февруари 2022 – Тиквеш - Вардар1961
22. коло: 26/27 февруари 2022 – Вардар1961 - Струга

 

петок, 16 јули 2021 - 12:43

Share on Facebook