Новата сезона почнува на 16 септември, Вардар јуниор гостува кај Охрид

Новата натпреварувачка сезона во машката Супер ракометна лига треба да почне на 16/17 септември, решија клубовите на годишната конференција одржана денеска во Скопје.

Останува истиот систем на натпреварување, со 10 екипи кои ќе играат вкупно 20 кола, а потоа најдобрите четири од регуларниот дел продолжуваат да разигруваат за титулата заедно со Вардар и Металург, кои се ослободени од играњето во регуларниот дел од сезоната. Вардар и Металург ќе играат во регионалната СЕХА Газпром лига. Клубовите што ќе бидат од 5 до 10 место во регуларниот дел ќе разигруваат за опстанок во плеј аут.

И сезонава ние ќе имаме две екипи во Супер лигата, Вардар и Вардар јуниор. Нашата втора екипа која е составена од млади ракометари во првото коло ќе му гостува на Охрид.

Според предложениот план есенскиот дел од сезоната треба да заврши на 16/17 декември.

петок, 16 јуни 2017 - 14:10