Новата сезона ја почнуваме со гостување кај Монпелје

Во новата сезона во А групата на лигата на шампионите Вардар ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември. Исто така групната фаза ќе ја завршиме со дуел со Монпелје на почетокот на март 2019 година.

Засега се знаат само провизорните датуми за секое коло, а дополнително во соработка со клубовите ќе се одредат и точните датуми, и саатници.
Повторно до крајот на 2018 година ќе се одиграат 10 кола, а следните четири во февруари и март 2019 година, веднаш по завршување на СП.

На пет средби Вардар ќе биде домаќин до крајот на 2018 година,и тоа против Кристијанштад, Рајн Некар, Мешков, Барселона и Кјелце.

Вардар е во група со Монпелје, Кјелце, Барселона, Кристијанштад, Мешков, Рајн Некар и Веспрем. Првиот од групата ќе се пласира директно во четврт-финалето на ЛШ, а оние од второ до шесто место ќе играат во осминафинале.

Календар на натпревари на Вардар во група А

1 коло (12-16.09.2018)
Монпелје - Вардар

2 коло (19-23.09.2018)
Вардар - Кристијаштад

3 коло (26-30.09.2018)
Веспрем - Вардар

4 коло (03-07.10.2018)
Вардар - Рајн Некар

5 коло (10-14.10.2018)
Кјелце - Вардар

6 коло (03-04.11.2018)
Вардар - Мешков

7 коло (07-11.11.2018)
Вардар - Барселона

8 коло (14-18.11.2018)
Барселона - Вардар

9 коло (21-25.11.2018)
Мешков - Вардар

10 коло (28.11 - 02.12.2018)
Вардар - Кјелце

11 коло (06-10.02.2019)
Рајн Некар - Вардар

12 коло (113-17.02.2019)
Вардар - Веспрем

13 коло (20-24.02.2019)
Кристијанштад - Вардар

14 коло (27.02 - 03.03.2019)
Вардар - Монпелје

 

недела, 1 јули 2018 - 14:58