Нова сезона на СЕХА - исти екипи

СЕХА лигата го објави планот за играње на новата сезона.
Во нејзе Вардар ќе игра во група со Мотор Запорожје, Нексе и Војводина.

Системот на играње ќе биде ист како и во претходната сезона, што значи дека десетте екипи ќе бидат поделени во две групи, А и Б, исто како и во сезоната 2020/21, играње групна фаза, плеј-оф и четвртфинале. Четирите најдобропласирани екипи ќе играат на СЕХА Ф4 турнирот.

Извршниот комитет на СЕХА одлучи, по спроведената анализа и поради прилики настанати од глобалната пандемија Ковид-19, заедно во корелацијата на прашањата од европскиот календар и рангирањето на перформансите, два клуба, Телеком Веспрем (шампион 2020/21) и Мешков Брест (проблеми со Ковид-19) ќе бидат директно вклучени во четвртфиналето и нема да играат во групната фаза.

По групната фаза, прво и второпласираните екипи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето заедно со Телеком Веспрем и Мешков Брест кои директно се пласираа во четвртфиналето.

 

четврток, 20 јануари 2022 - 11:59

Share on Facebook