Нова награда за вардарци - Циндриќ е ракометар на годината во Хрватска

Покрај тимските награди што ги собра Вардар во Македонија за постигнатиот успех, и повеќемина наши ракометари исто така добија и индивидуални признанија. Лука Циндриќ е избран за најдобра ракометар во Хрватска за 2017 година во изборот на ХРС и спорсткиот весник Спортске Новости.

Во изборот на најдобрите пет ракометари на Хрватска, дури тројца беа од Вардар. Лука Циндриќ победи со 72 гласа пред Иван Чупиќ кој доби 45 гласа и Игор Карачиќ како третопласиран со 21 бод.

Во изборите во Македонија индивидуални награди освоија и Стојанче Стоилов, Арпад Штербик и Раул Гонзалес.

Сега Лука Циндриќ и Арпад Штербик се во игра и за најдобар ракометар во Европа за 2017 година.
Гласањето трае до утре на следниот линк

сабота, 6 јануари 2018 - 15:15