Нов тремин за гостувањето кај ПИК Сегед

Одложениот натпревар од 3. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите против ПИК Сегед ќе го играме на гостински терен на 22 декември 2020 година.

ЕХФ заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа. Овојпат средбата е закажана во вториот вечерен термин, од 20,45 часот.

Деновиве и ракометарите на Вардар 1961 би требало да почнат со редовно тренирање откако ќе заврши задолжителниот карантин и ќе бидат извршени потребните тестирања.

Двете екипи, и Вардар 1961 и ПИК Сегед имаат одиграно по пет натпревари од групната фаза. Вардар 1961 има еден бод повеќе од унгарскиот тим, кој освои само два бода досега во групната фаза од ЛШ.

вторник, 8 декември 2020 - 11:24