Нов предизвик за Будимир: Годинава со една екипа во две конкуренции и со најмлад тим

Кога беа пионери газеа сѐ пред себе, лани првпат играа и во кадетска конкуренција, а сега екипата предводена од Андријана Будимир ќе игра во кадетска и младинска конкуренција во првенството на Македонија.

Сезонава оваа кадетско - младинско екипа на Вардар ќе биде предводена од Андријана Будимир и Аце Станковски.

Генерацијата што денеска ги почна подготовките за новата сезона е родена 2002 и помлади. А според пропозициите годинава во кадетска конкуренција може да играат ракометари родени 2000 година и помлади, а во младинска конкуренција да играат ракометари родени 1998 година и помлади.

Лани оваа екипа на Вардар во својата конкуренција, во пионерска го освоија првенството на Македонија, а со кадетите стигнаа до Ф4 и го освоија третото место.

Во сезоната 2018/2019 кадетите на Вардар ќе играат во Група 1 заедно со тимовите на Шампион, Алушовски, Аеродром, Македонија ЃП, Драчево, Металург, Бутел и Пролет 62.

Во првото коло што е закажано за 1/2 септември Вардар е домаќин на Алушовски.


* Календар на натпревари на кадетска лига - група 1 - kalendar-kadeti_prva_grupa.pdf

* Галерија од првиот тренинг

среда, 1 август 2018 - 18:16