Недановски во Вардар уште една сезона

Шампионскиот тим на Вардар го задржува тимот што сезонава успеа да ги освои сите трофеи, па нов договор потпиша и левото крило Владо Недановски.

За Недановски ова ќе биде 11. сезона како дел од Вардар, и досега има настапувано и за Вардар, Вардар јуниор и МРК Вардар.

На позицијата лево крило Владо Недановски му е соиграч на Тимур Дибиров. Со новиот договор Недановски треба да остане во Вардар најмалку до јуни 2018 година.

Сезонава Вардар го направи најголемиот клупски успех, освојувајќи четири трофеи во натпреварувањата каде играа, во домашното првенство и куп, СЕХА Газпром лигата и лигата на шампионите.

четврток, 15 јуни 2017 - 13:42