Недановски: Во новата сезона со иста цел - победи и титули

Вардар викендов ја почнува новата сезона во првенството на Македонија како бранител на двојната круна. По играњето на турнирот во Струга и четврт-финалето од СЕХА лигата, за „црвено-црните" почнуваат натпреварите од групната фаза во домашното првенство .

Сезонава во домашното првенство ќе играат 16 екипи поделени во две групи. Во групата со Вардар се екипите на: Струга, Куманово, Вардар Неготино, Бутел, Охрид, Прилеп и Алкалоид. Првите четири тимови по регуларниот дел ќе продолжат да разигруваат за титулата.

Првиот тим по регуларниот дел ќе пренесе 3 бода, второпласираниот 2, третопласираниот 1 и четвртопласираниот ќе биде без бодови. Потоа се играат уште 14 колаво разигрувањето за титулата.

„Почнуваме нова сезона во домашното првенство и без разлика на се нашата цел е иста, освојување на титулата и купот во Македонија. Тоа што сега нема да играме во европските купови ќе ни овозможи повеќе да се воигруваме и на младите да им даваме поголем ашанса. Сакаме што повеќе млади играчи да бидат дел од првиот тим, а тоа ќе го направиме низ мечевите во првенството. Без разлика на се, никого нема да потценуваме ниту да се однесуваме како фаворити. Важно е да прене Имаме добар тим и ќе сториме се да бидеме конкурентни и да играме добро„ вели Недановски.

Првиот натпревар Вардар го игра на гостински терен против тимот на Вардар Неготино. „Црвено-црните" патуваа на мечот во комплетен состав и со размислување да се победи.

„Нема слаби и јаки екипи, сите подеднакво сериозно ќе ги сфатиме. Ни требаат натпревари каде ќе играме и ќе ја подигаме формата. Одиме во Неготино да играме и секако размислуваме само за победа, вели Недановски.

Мечот со Вардар Неготино е закажан за в сабота во 18,30 во Неготино.

петок, 2 Септември 2022 - 18:31

Share on Facebook