Не ја пропуштајте можноста: Вардар обезбеди дополнителни блок-билети за Ф4 во Келн

Поради зголемена заинтересираност на навивачите за следење на натпреварите од Ф4 турнирот во Келн, клубот обезбеди дополнителен број на билети што се веќе пуштени во продажба. Со ова бројот на македонски навивачи на полуфиналните и финални натпревари ќе биде поголем.

Ова е нова шанса навреме да стигнете до билет за настапите на Вардар во Келн. Продажбата на билетите се врши во фан шопот на Вардар во СЦ „Јане Сандански" во Скопје и он-лајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови.

Цената на блок билетите е иста, 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден)

Со цел да им се овозможи на навивачите побрзо да дојдат до билети, продажбата на билетите се врши он-лајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70, а истите може да се купат и директно во фан шопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански"

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе с еигра на 26 и 27 мај во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Нант - ПСЖ (15,15 часот) и Вардар - Монпелје (18 часот).

За сите прашања поврзани со билетите за Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса:
e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

 

среда, 16 мај 2018 - 08:39