Напиши НАЈромантична порака и добиј подарок

Во пресрет на денот на вљубените, 14 февруари Вардар ќе им подари на двајца по два билети за натпреварот Вардар - Веспрем и плус уште двајца ќе добијат ваучер од 3.000 денари што може да го искористат во фаншопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански".

За да добиете еден од подароците треба да покажете колку сте романтични и да смислите порака што би и ја упатиле на саканата личност.

Вашата порака треба да ја оставите во нашиот фаншоп што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански". Таму има специјално подготвена табла на која ќе бидат изложени сите пораки. Оставете ја пораката со ваш контакт.

Во четврток, на 14 февруари ќе бидат избрани четири пораки, и истите ќе бидат наградени.

Двајца ќе добијат по ДВА билети за натпреварот на неделата во ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем. Тој меч е закажан за в сабота, 16 февруари.

Двајца ќе добијат и по ЕДЕН ваучер од 3.000 денари што може да го искористат во рок од 15 дена за производи од целиот асортиман во Вардар Фаншоп без ограничување.

понеделник, 11 февруари 2019 - 15:16