Најмладите вардарци се искачуваат кон врвот на групата

Пионерите на Вардар го делат второто место во група 1 од националното првенство, откако ја победија екипата на Драчево со 19 : 16 (11 : 7). Избраниците на Зоран Петковски и Никола Бисинов на гостински терен одиграа напнат натпревар со мала предност, но од почеток до крај беа во минимално водство.
Нашите најмлади ракометари мечот го отворија со предност од 4 : 0 и во следните дваесеттина минути одржуваа разлика од најмалку два гола. Сепак на пауза заминаа со убедливата разлика од 4 гола, односно 11 : 7. Во вториот дел од натпреварот продолжија со истото темпо.

Драчево – Вардар 16 : 19 (7 : 11)

понеделник, 26 ноември 2018 - 13:23