На Вардар „му лежи“ Рајн Некар: Втора победа сезонава

Сега Вардар е второпласиран на табелата во Група А со 15 бода, три повеќе од Кјелце и Веспрем. Остануваат за играње уште три средби, две дома (со Веспрем и Монпелје) и гостување кај Кристијанштад. Вардар победи на гостувањето кај Рајн Некар со 30-27.

Вардар е блиску до освојувањето на второто место во групата во Лигата на шампионите откако на гостувањето во Германија победи со 30-27 (16-14) во директен дуел со еден од ривалите, Рајн Некар. За "црвено-црните" ова е втор меѓусебен триумф сезонава и седми во Лигата на шампионите на десетте досега одиграни натпревари.

Осминафиналето е потврдено, шанса барем теоретска да бидеме први имаме, иако реално е да очекуваме да завршиме како второпласирани.

Сега Вардар е второпласирана на табелата со 15 бода, три повеќе од Кјелце и Веспрем. Остануваат за играње уште три средби, две дома (со Веспрем и Монпелје) и гостување кај Кристијанштад.

На Вардар „му лежи" Рајн Некар особено кога се игра во Германија. Повторно одигравме тимски, со мали падови во играта кои и беа незабележителни. Кога требаше додававме гас во одбрана, ги затворавме сите делови, кога требаше Дејан Милосављев бранеше (вкупно 10 одбрани на мечот) а во напад повеќемина расположени играчи. Кога внимаваа на Карачиќ погодуваше Криштопанс, а за Стоилов баш и немаше решение противникот на линијата од шест метри.

Тренерот Парондо имаше одлична тактика. Противникот во ниту еден момент не изненади. За секој нивни потег имавме решение. За се имавме против игра, и најважно од се, расположени играчи. Лесно постигнувавме голови, лесно доаѓавме во ситуација за шутирање. И токму таквата игра го натера домашниот тренер уште во 19 минута дса го побара вториот тајм аут. Немаше шанса да се разбие нашата игра, да се поремети ритамот што го наметнавме. Имавме и „плус 7" кога водевме со 16-9, но потоа темпото малку падна па на полувреме заминавме со предност од 16-12.

Тројца ракометари во нападот постигна вкупно 19 голови (Стоилов, Дибиров и Карачиќ). Го држевме темото на игра и во второто полувреме, и водевме и со 27-20. Времето одминуваше, а Вардар ја одржуваше предноста.

Во завршницата од средбата Рајн Некар само успеа да намали на подносливи „минус 3" и наша победа од 30-27.

Рајн Некар - Вардар 27:30 (12:16)

РАЈН НЕКАР: Апелгрен, Паличка, Шмид 9, Липовина, Сигурдсон, Радивојевиќ, Толбринг 2, Абутовиќ, Ларсен 2, Грецки 1, Талески, Гвардиола 1, Петерсон 4, Колбахер 8.

ВАРДАР: Милосављев (10 одбрани), Гедбан, Кизиќ, Стоилов 6, Недановски, Поповски, Криштопанс 4, Дисингер, Карачиќ 6, Скубе 3, Калараш, Чупиќ 2, Дибиров 7, Шишкарев 2, Војводиќ, Кисељев.

среда, 6 февруари 2019 - 21:29