На почеток на ЛШ ја решивме „скандинавката“ во Кристијанштад

Со победа во гости, 28-23 (15-12) ракометарите на Вардар ја почнаа новата сезона во лигата на шампионите триумфирајќи кај шведски Кристијанштад. Арпад Штебик имаше вкупно 19 одбрани, а Душебаев постигна 7 гола во 32 триумф на „црвено-црните" во групната фаза од ЛШ досега.

На Вардар му требаа седум минути да покаже дека во Шведска е дојден по триумф. Во перидот од 13 до 19 минута Вардар направи серија од 5-0 и поведе со 9-7 со што почна нашата контрола врз играта и резултатот. До тој момент Кристијанштад на трипати имаше предност од два гола, а еднаш и „плус 3" (7-4). Тоа беше знак за Раул Гонзалез да побара „тајм аут" и да ги советува ракометарите. И тоа даде резултат, зашто по двапати Борозан, и Шишкарев, и еднаш Марсениќ го донесоа посакуваниот пресврт и наше водство од 9-7.
Тие два гола предност на Вардар потоа продолживме да го зголемуваме па на три минути пред крај на полувремето водевме со 14-10. Арпад Штербик во овој дел од натпреварот имаше девет одбранети топки, а неговиот колега на спротивната страна Никола Симиќ, една одбрана повеќе.

Кога Душебаев во 33 минута првпат донесе предност од „плус 5", 17-12, а потоа и покрај двете исклучувања на Вардар, нашите ракометари се одбранија и примија само еден гол, беше јасно дека не само што сме поквалитетни, туку и подбро ментално подготвени за меч во кој сме фаворити. Ниту трите одбранети пенали на Симиќ на нашите ракометари (Кањељас, Чупиќ и Карачиќ) не не помрдна од зацртаната патека која требаше да ни донесе победа. Со честа ротација на ракометарите, и во одбрана и напад, Вардар постојано имаше свежи ракометари во игра. Кога во 47 минута првпат ја пробивме границата од „плус 6" за наше водство 23-17, најавивме за втор триумф во Шведска. Лани исто така победивме на гостувањето, 30-25.

Душебаев и Карачиќ со двата гола по ред зголемија за првпат на „плус 7" во 52 минута, и остануваше само рутински да го завршиме натпреварот. На крајот , „петката" беше и реален одраз на силите на теренот. Нашиот голман Арпад Штербик го заврши натпреварот со 19 одбрани.

Во следното коло во сабота во Скопје ќе гостува екипата на Мешков Брест.

Кристијанштад - Вардар 23-28 (12-15)

Кристијанштад: Симиќ (одбрани 16 топки и 4 пенали), Ларсон, Липовац 1, Арнарсон 2, Хенингсон 7, Соренсен 2, Моен Нилсен 1, Лагерген 3, Ларсон, Хален, Толбринг 3, Јонсон 3, Татаринцев, Ханиш 1, Моберг, Шустер.
ВАРДАР: Штербик (одбрани 19 топки), Стоилов, Милиќ, Рожерио, Македа 1, Деревен, Карачиќ 5, Душебаев 7, Абутовиќ, Кањељас 3, Циндриќ 1, Чупиќ 1, Дибиров 2, Шишкарев 3, Борозан 2, Мaрсениќ 3.

недела, 25 Септември 2016 - 18:34