Младите вардарци постигнаа 21 гол во триумфот против Пекинг

Вардар триумфираше во Загреб на дуел против Пекинг СУ со 36-28, но поважно за натпреварот е што младите играчи на „црвено-црните" и оние што поретко добиваат шанса сега заедно постигнаа 21 гола, односно повеќе од половина на тимот. Со трите бода, македонскиот првак останува на делба на првото место во групата од СЕХА лигата.

Во Хрватска отпатувавме без повеќемина стандардни ракометари, одамна повредените Стоилов и Толедо, а на тој спиоск сега се придодадоа и Горпишин, Атман и Скубе. На средбата го немаше ниту Горбок и Шишкарев. На таков однос на силите на терен, Вардар немаше никави проблеми да ги освои бодовите и да почне целосно да размислува за она што следува во текот на викендов - дуел од ЕХФ лигата на шампионите против Мешков.

Она на што може да биде задоволен Едуард Кокшаров е што во првото полувреме тимот имаше само две промашувања. Се што беше направено во напад и дојде до ситуација за гол беше реализирано. Тоа го примора гостинскиот тренер уште во четвртата минута да побара тајмаут. После седум минути играње Вардар веќе имаше предност од 5-1 како најава за нова победа. Реално бевме фаворити и така се однесувавме на терен и со играта се наметнавме.

Главната и клучна предност ја направивме во последните десет минути од првото полувреме. Откако Ќосевски и Кукуловски погодина за водство од 11-7 во 20 минута тоа беше само иницијална каписла за зголемување на водството 18-9 во 26 минута. Пекинг немаше шанса да се спротистави на нашата одбрана, а во таа игра особено Сикошек Пелко одлично се снајде со реализација 6/6. На полувреме имавме предност од 21-10.

Таквата предност беше најава за нов триумф, а потоа можевме и да комбинираме со екипата, па сите да добијат шанса. Младите ги искористија своите минути да се наметнат. Иако во последните 7-8 минути падна темпото, предноста беше доволно висока и немаше проблеми да завршиме со „добра" предност од 36-28.

Крилото Ален Ќосевски го покажа својот талент со кој поседува и имаше реализација 7/10, а истото важи и за Мартин Карапелевски со 4/4, Дејан Кукуловски 4/7 и Димитар Димитриоски 6/7.


Пекинг - Вардар 28-36 (10-21)

Пекинг СУ: К. Хе (3 одбрани), Лиу (5 одбрани), Јиавеи Жанг, Ж. Хе 1, Чангжег, Кси 4, Ју Ванг 6, Ху, Жаолијанг, Гу 1, Хуанг 6, Цао 3, К. Ванг, Ченг 2, Ј. Ванг 4, Јианји Жанг 1.

ВАРДАР: Кугис 1/1 (7 одбрани и 1 седмерец.), Кизиќ (2 одбрани), Гедбан, Кукуловски 4, Димитриоски 6, Кристопанс 3, Карапалевски 4, Пелко 7, Дисингер 2, Калараш, Чупиќ 2, Дибиров, Ќосевски 7.

вторник, 29 октомври 2019 - 20:19