Младите вардарци без бодови од Нашице

Без искуството за играње на силни натпревари во континуитет во СЕХА лигата, младите ракометари на Вардар издржаа само едно полувреме на дуелот со Нексе во последното, 10-то коло од групната фаза. Вардар загуби со 26-42 (14-18), но сигурно е дека можеше да има и многу поповолен резултат. Најмногу поради своите грешки му дозволи на противникот во вториот дел во серија да постигнува голови. А кога разликата се зголеми на „плус 6-7" веќе беше тешко да се стигне ривалот.

Откако во претходното коло Вардар го осигура првото место и директниот пласман во четврт-финалето беше решено за последната средба во Нашице д аотпатува тимот на Вардар јуниор. дел од тие ракометари и сезонава настапуваа на некои натпревари во СЕХА газпром лигата, па и во ЕХФ лигата на шампионите. Единствено Димитар Димитриоски настапува само за првиот тим.

Мартин Карапалевски, Марко Кизиќ, Васил Гогов и Ален Ќосевски имаат неколку натпревари повеќе во „рацете", а сега сите добија шанса за уште поголема минутажа. И донекаде тимот предводен од Стојан Петрушевски испеваше не само да пружи отпор, туку и да покаже дека има квалитет во себе да игра со силни екипи.

Се до 24 минута бевме рамноправни, има игравме „гол за гол", а противникот најмногу што успеваше дасе одлепи резултатски беа „плус 2 гола".И потоа за само шест минути примивме пет а постигнавме само два гола. Одбраната беше послабиот дел, а голманите не многу расположени. Ако на крајот од натпреварот статистиката кажува дека процентот на одбранети удари е само 4 отсто, тогаш јасно е дека токму тука „паднавме".

Лошата игра на Вардар продолжи и на почетокот на второто полувреме. За седум минути резултатот веќе беше 23-14 за Нексе и од тој момент веќе беше јасно дека отпорот на Вардар е скршен и Нексе со триумф ќе го заврши натпреварот.

Потоа разликата само се зголемуваше, до максималните „плус 17" и последне пат беше 41-24. На крајот ова беше највисокиот пораз на Вардар во СЕХА лигата во сите овие девет сезони.

Следниот натпревар во СЕХА лигата Вардар ќе го игра на 7 или 8 март во четврт-финалето, ареваншот се седум дена подоцна. Противник ќе биде победникот од осминафиналниот дуел меѓу А5-Б4.


Нексе - Вардар 42-26 (18-14)

НЕКСЕ: Лелиќ, Цар, Радовановиќ, Етер 3, Милета 2, Јаман 5, Думенчиќ 3, Бувиниќ 5, Јелиниќ 5, Вида 1, Северец 6, Пешиќ 1, Томиќ 8, Јагањац 3, Возаб, Прибетиќ.

ВАРДАР: Гогов, Кизиќ 1, Анѓеловски, Кукуловски 7, Димитриоски 1, Гашоски 1, Карапалевски 4, Дука 2, Крстевски 3, Јакимовски, Атанасовски 2, Ќосевски 4.

недела, 15 декември 2019 - 22:00