Младинците викендов ја отвораат пролетната сезона

Двете машки младински екипи на Вардар викендов ги играат натпреварите од 8. коло во домашното првенство со што го означуваат почетокот на пролетниот дел од сезоната. Остануваат да се одиграат уште по седум натпревари, а потоа следуваат и мечевите од Ф4 завршниот турнир.

„Кадетите" кои играт истовремено и со постарата генерација, со младинците, ќе бидат домаќин на Работнички во големата сала во СЦ „Јане Сандански" од 16 часот.
Противници на Вардар ќе бидат ракометарите на Работнички. По седум одиграни натпревари во есенскиот дел Вардар е на 5. место со 9 бода.

Покрај Вардар и Работнички во истата група на младински екипи се уште и Охрид 2013, Струга, Јуниор Кисела Вода, Металург, Пелистер и Радовиш.

Младинска машка лига (Прва група) - 8 коло
недела, 3 февруари - 16 часот
Вардар - Работнички
* Влезот е слободен

Тимот предводен од Пепи Манасков и Стојан Петрушевски во недела гостува во Автокоманда кај лидерот Металург 2. Нашите момчиња досега одиграа седум натпревари и на пет победија, и двапати беа поразени. На првиот меѓусебен дуел со Металург во октомври бевме поразенени со 28-30 (13-13).

Покрај Вардар јуниор и Металург 2, во оваа втора група се наоѓаат уште еи екипите на КЛ-7, Бутел, пролет 62, Прилеп 2010, Борец и Еурофарм Работник.

Младинска машка лига (Втора група) - 8 коло
недела, 3 февруари - 12 часот
Металург 2 - Вардар јуниор

 

четврток, 31 јануари 2019 - 16:16