Младинците се зацврстија како лидери по триумфот против КЛ-7 Струга


Во клучниот натпревар за лидерската позиција во првата група, младинците на Вардар со триумф се вратија од Струга. Во салата „Нико Нестор", избраниците на Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски одиграа неизвесен натпревар, што заврши со победа против второпласираната КЛ-7 Струга од 27 – 26 (13 – 11).

Црвено – црните се наметнаа и ја превземаа предноста уште во првите минути од мечот. Домаќините трипати изедначуваа, од кој последниот пат на 8 – 8, по што до крајот на полувремето одржувавме предност од најмалку два гола. На пауза заминавме со 13 – 11. Второто полувреме донесе понеизвесна игра. Домаќините со два гола на почетокот израмнија на 13 – 13 и потоа за кратко имаа предност од два гола, по што израмнивме на 15 – 15. Во следните минути игравме изедначено. Иницијативата беше кај нас, а домаќините нѐ следеа гол за гол сѐ до 24 – 24, по што искористивме можност за предност од 27 – 24. Следеа финалните минути во кои примивме два гола, но тие не беа доволни за изедначување на резултатот. Мечот го завршивме со победа од 27 – 26.

КЛ-7 Струга – Вардар 26 – 27 (11 – 13)

Вардар: Благоја Мишовски, Кристијан Анѓелкоски, Марио Миланов, Ален Ќосевски 3, Христијан Милошески 6, Виктор Крстевски 4, Брајан Петкоски, Давид Олтовски, Христи Бикоски 1, Александар Тушев, Дарко Трајковски, Антониј Мисаилески 1, Мартин Мајсторовски Игор Ѓорѓиев 6, Васе Наков 6, Андреј Мицановски.

понеделник, 12 март 2018 - 10:03