Милосављев со две награди - во Ол стар тимот на колото и меѓу Топ-5 одбрани

Дејан Милосављев, голманот на Вардар имаше забележителна улога во триумфот на „црвено-црните" на првиот осмина-финален меч од ЕХФ Лигата на шампионите. Македонскиот првак победи со 27-18 и со една нога е веќе меѓу осумте најдобри во Европа. Останува уште реваншот што е закажан за в сабота во СЦ „Јане Сандански" во 19,30 часот.

Во изборот на ЕХФ за првио ткруг од Топ-16 фазата место имаше и за нашиот голман Дејан Милосављев. Тој се најде во Ол стар тимот на колото, а исто така една негова одбрана беше во Топ-5 одбрани на колото.

Во најдобрата седморка за ова коло се најдоа:

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар)
Лев бек: Расмус Лауге (Флензбург)
Средне бек: Лука Циндриќ (Кјелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)
Десно крило: Арцем Козакевич (Мотор Запорожје)
Пивотмен: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

понеделник, 25 март 2019 - 12:10