Медиа тимот на ЕХФ го предложи Дибиров за Ол стар тимот во ЛШ

Новинарите кои соработуваат со ЕХФ во текот на сезоната во однос на Лигата на шампионите направија листа од предлози за ракометарите што според нив заслужуваат да се најдат во изборот за Ол стар тимот на сезоната. Во тој избор се најде и еден ракометар на Вардар - левото крило Тимур Дибиров.

Покрај Дибиров во изборот се уште и двајца ракометари на Барселона и по еден од Рихимаен Кокс (Финска), Мотор Запорожје, ППД Загреб, Нант, ПИК Сегед и Кристојанштад.

Предлог за Ол стар тим според новинарите:
ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)
ЛЕВ БЕК: Нико Ронберг (Рихимаен Кокс)
СРЕДЕН БЕК: Барис Пухоуски (Мотор Запорожје)
ДЕСЕН БЕК: Дика Мем (Барселона)
ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (ППД Загреб)
ПИВОТМЕН: Николас Турно (Нант)
ДЕФАНЗИВЕЦ: Хорхе Македа (Пик Сегед)
МЛАД РАКОМЕТАР: Валтер Хринц (Кристијанштад)

ТРЕНЕР: Чави Пасквал (Барселона)

 

 

понеделник, 22 април 2019 - 09:22