
Вардар уште од почетокот на средбата најави дека и покрај тоа што имаме недоволно опоравени играчи и „пократка" клупа од гостите сепак понесени од одличната атмосфера во салата ќе дадеме се да победиме. Тие бодови значеа и речиси сигурно зацврстување на второто место во групата.
Почетокот на средбата мина во израмнета игра. После 8-8 работите тргнаа позитивно за Вардар и со серија од 4-0 ја подигнавме уште повеќе атмосферат. Имавме водство што сите го посакуваа.Четирите погодоци предност продолжија да се зголемуваат и најголемото водство кое беше обезбедено во првите 30 минути игра беше шест гола, 16-11. Ова беше период во кој Кристијан Диснгер одигра одлична од самиот почеток, а во овие првои 30 минути и Дејан Милосављев бранеше одлично.
За седум минути Вардар во вториот дел Вардар успеа да постигне само еден гол, а примивме пет. Гостите од Унгарија успеаја брзо да фатат резултатски приклучок при што Вардар имаше само гол предност од 17-16. Потоа Вардар играше без голман бидејќи имаше ракометар помалку па Веспрем после 38 минути игра ги врати работите на почеток.
Вардар повторно се врати во потребниот ритам и поведе со три гола, 21-18. Дека ова ќе биде максимално неизвесен дуел докажаа и следните пет минути во кои гостите одново се вратија во игра. Зацврстија во одбрана, оставаа сè помалку простор и тоа повторно им даде шанса за нерешен резултат. Се вратија за 22-22 и на девет минути до крајот никој немаше предност.
Веспрем успеа да ја преземе контролата на резултатот и во последните пет минути влезе со 25-24. При овој резултат Вардар имаше пенал, но Дибиров не успеа да го искористи. Веспрем поведе со 26-24, а потоа направија почетничка грешка бидејќи има исклучен играч, а на терен се најдоа седуммина.
Со гол предност за Веспрем се влезе и во последната минута од натпреварот. Судиите го толерираа долгиот напад на гостите, а притоа на крајот Наѓ го заврши со погодок за пораз на Вардар од 27-29.
Вардар - Веспрем 27-29 (16-11)
ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани.), Гедбан, Стоилов 4, Поповски, Кристопанс 4, Мораеш 1, Дисингер 5, Карачиќ, Скубе 4, Калараш 2, Чупиќ 3, Дибиров 1, Шишкарев 1, Борозан 2, Војводиќ, Кисељев.
ВЕСПРЕМ: Штербик, Миклер, Манасков 2, Илиќ, Тонесен 1, Гајиќ, Нилсон 1, Наѓ 6, Маргуч 2, Штрлек 3, Терзиќ, Благотиншек, Ненадиќ 4, Мае 1, Мацковшек 2, Лекаи 7.