Мечот на неделата му припадна на Веспрем

Вардар остана со 15 бодови на контото по 12. коло во ЕХФ лигата на шампионите откако во мечот на неделата „црвено-црните" загубија на домашен терен од Веспрем со 27-29 (16-11). Имавме и шест голови предност пред крајот на првото полувреме, но на крајот гостите се реваншираа за нашиот триумф во првиот дел од сезоната во лигата на шампионите. На две кола до крај на регуларниот дел на сезоната Вардар се уште е во игра за второто место во групата. Во следното коло Вардар гостува кај Кристијанштад.

 
Вардар уште од почетокот на средбата најави дека и покрај тоа што имаме недоволно опоравени играчи и „пократка" клупа од гостите сепак понесени од одличната атмосфера во салата ќе дадеме се да победиме. Тие бодови значеа и речиси сигурно зацврстување на второто место во групата.

Почетокот на средбата мина во израмнета игра. После 8-8 работите тргнаа позитивно за Вардар и со серија од 4-0 ја подигнавме уште повеќе атмосферат. Имавме водство што сите го посакуваа.Четирите погодоци предност продолжија да се зголемуваат и најголемото водство кое беше обезбедено во првите 30 минути игра беше шест гола, 16-11. Ова беше период во кој Кристијан Диснгер одигра одлична од самиот почеток, а во овие првои 30 минути и Дејан Милосављев бранеше одлично.

* Фотогалерија од мечот

За седум минути Вардар во вториот дел Вардар успеа да постигне само еден гол, а примивме пет. Гостите од Унгарија успеаја брзо да фатат резултатски приклучок при што Вардар имаше само гол предност од 17-16. Потоа Вардар играше без голман бидејќи имаше ракометар помалку па Веспрем после 38 минути игра ги врати работите на почеток.

Вардар повторно се врати во потребниот ритам и поведе со три гола, 21-18. Дека ова ќе биде максимално неизвесен дуел докажаа и следните пет минути во кои гостите одново се вратија во игра. Зацврстија во одбрана, оставаа сè помалку простор и тоа повторно им даде шанса за нерешен резултат. Се вратија за 22-22 и на девет минути до крајот никој немаше предност.

Веспрем успеа да ја преземе контролата на резултатот и во последните пет минути влезе со 25-24. При овој резултат Вардар имаше пенал, но Дибиров не успеа да го искористи. Веспрем поведе со 26-24, а потоа направија почетничка грешка бидејќи има исклучен играч, а на терен се најдоа седуммина.

Со гол предност за Веспрем се влезе и во последната минута од натпреварот. Судиите го толерираа долгиот напад на гостите, а притоа на крајот Наѓ го заврши со погодок за пораз на Вардар од 27-29.

Вардар - Веспрем 27-29 (16-11)

ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани.), Гедбан, Стоилов 4, Поповски, Кристопанс 4, Мораеш 1, Дисингер 5, Карачиќ, Скубе 4, Калараш 2, Чупиќ 3, Дибиров 1, Шишкарев 1, Борозан 2, Војводиќ, Кисељев.

ВЕСПРЕМ: Штербик, Миклер, Манасков 2, Илиќ, Тонесен 1, Гајиќ, Нилсон 1, Наѓ 6, Маргуч 2, Штрлек 3, Терзиќ, Благотиншек, Ненадиќ 4, Мае 1, Мацковшек 2, Лекаи 7.

сабота, 16 февруари 2019 - 20:25