Македонија од вториот барабан во ждрепката за ЕП 2018

Ракометната машка репрезентација на Македонија е сместена во вториот барабан во ждрепката за ЕП 2018 година, а таму се уште и репрезентациите на Данска, Белорусија и Шведска. Тоа значи дека тие репрезентации неможе да ни бидат ривали во првата групна фаза од ЕП.

Ждрепката за групите на ЕП ќе се изврши на 23 јуни во Загреб. Градот каде Македонија ќе игра во првата фаза ќе биде познат уште по првиот круг на извлекување. Уште во првиот круг ќе се извлекуваат репрезентациите од вториот барабан.

Домаќинот на ЕП, Хрватска однапред реши дека репрезентацијата на Словенија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Загреб, Унгарија ќе игра во Вараждин, Хрватска ќе игра во Сплит а Норвешка во Пореч.

Потоа најдобрите три репрезентација од секоја група продолжуваат во главната фаза каде се пренесуваат бодовите од репрезентациите со кои играле во групната фаза. Натпреварите од главната фаза ќе се играат во Загреб и Вараждин.

Барабани за ждрепката за групите на ЕП 2018
Барабан 1: Германија, Шпанија, Хрватска, Франција
Барабан 2: Данска, Белорусија, Шведска, Македонија
Барабан 3: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка
Барабан 4: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд

понеделник, 19 јуни 2017 - 17:08