Лука Циндриќ и Страхиња Милиќ во топ-8 во СЕХА за месец февруари

Во магазинот на СЕХА Газпром лигата за февруари избрани беа најдобрите осум гола и одбрани во кои имаше место и за двајца наши ракометари.

Трет најубав погодок за минатиот месец постигна Лука Циндриќ и тоа на извонредниот настап во Нашице, кога му даде 11 гола на Нексе.

Страхиња Милиќ, пак, покажа дека одличната форма во Лигата на шампионите не е случајност и дека тој брани фантастично и во СЕХА. На мечот со Борац тој имаше 10 одбрани за само едно полувреме, а онаа против Марко Чераниќ е прогласена за петта во февруари.

Најдобрите одбрани и голови погледнете ги на видеово подолу, почнувајќи од 19:40 минути.

понеделник, 7 март 2016 - 13:29