Летонски судии за полуфиналето Вардар - Барселона во Келн

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за Ф4 турнирот во Келн што ќе се одржи на 1 и 2 јуни. Вардар по трет пат по ред ќе игра меѓу најдобрите 4 екипи во Европа, што досега им успеално само на неколку екипи.

Во полуфиналето на 1 јуни „црвено-црните" се среќаваат со Барселона. На таа средба судии се Летонците Зигмар Сондор и Ренар Лицис.

Средбата Вардар - Барселона се игра од 18 часот, во ударен термин од овој Ф4 турнир.
Победникот од ова полуфинале на 2 јуни ќе игра против победникот од дуелот Веспрем - Кјелце, кои се среќаваат од 15 часот.

За оние што сакаат да го бодрат Вардар во Келн, клубот доби одреден број билети. Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови.

Цената на блок билетите чини 18.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден)

Покрај во фаншопт, билети за Ф4 турнирот се пуштени во продажба и онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/product&path=59&product...

За сите прашања поврзани со билетите за Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса:
e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

 

вторник, 14 мај 2019 - 22:02