Куп натпреварот со Текстилец закажан за 22 февруари

Осминафиналниот Куп натпревар меѓу Вардар 1961 и Текстилец ќе се одигра на 22 февруари во 17 часот во Скопје во СЦ „Јане Сандански".

Ќе се игра само еден натпревар, и победникот ќе се пласира во четвртфиналните групи од Купот.
Четвртфиналните групи ќе се играат како и досега, со по четири екипи, а најдобрите од групите обезбедуваат место на завршниот турнир. Четвртфиналето ќе се игра на 31 март и 1 април, додека Ф4 ќе биде од 21 до 23 мај.

Ждрепката за елиминациското коло од Купот на Македонија донесе 16 двојки, имаше полудиригираната ждрепка, па во елиминациите ќе играат суперлигаши против прволигаши во само еден натпревар.

Вардар 1961 кој 13 пати беше досега победник на Купот на Македонија.

 

среда, 17 февруари 2021 - 12:52