Кукуловски дополнително повикан во сениорската репрезентација

Нашиот бек Дејан Кукуловски доби повик од селекторот на сениорската репрезентација на Македонија да се приклучи на подготовките.

Селекторот Данило Брестовац повика 19 ракометари што ќе патуваат на пријателски средби во Србија и Романија. На списокот се наоѓаат и ракометарите на Вардар, голманот Марко Кзиќ и левото крило Димитар Димитриоски.

Собирот е закажан за 20 декември во Скопје. Потоа се заминува за Србија каде ќе одиграат контролни натпревари и потоа с епродолжува за Романија на Трофеј Карпати.

На овој список ги нема искусните ракометари што досега беа стандардни, и тие ќе се приклучат подоцна.

петок, 20 декември 2019 - 13:45