Криштопанс во тимот на колото, Дибиров меѓу Топ-5 голови а Гедбан меѓу најдобрите одбрани

Вардар победи на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад, 32-30 во 13. коло од групната фаза и се зацврсти на третото место. Во последното коло на домашен терен ќе бараме шанса да завршиме како второпласирани, но тоа нема да зависи само од нас, туку и од резултатот на Веспрем.

По ова коло тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборот што го прави ЕХФ.
Даинис Криштопанс се најде меѓу седумте најдобри играчи на колото. Тој беше најдобриот играч на Вардар на средбата во Шведска.

Идеален тим на 13 коло
лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запороѓје.)
среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)

Во изборото на Топ-5 гола и Топ-5 одбрани се најдоа и Тимур Дибиров и Калифа Гедбан

Погледнете ги сите најдобри голови и одбрани во ова коло на ЛШ

понеделник, 25 февруари 2019 - 09:33