Кои јубилеи ги прославија вардарци лани во СЕХА лигата

За Вардар 2018 година беше втората најуспешна во клупската историја во која освои титула во СЕХА лигата и тројна круна во домашното првенство. Титулата во СЕХА лигата е четврта за Вардар и станавме прв клуб со четири титули и втор клуб што успеал да ја одбрани освоената титула.

Но, и некои од играчите прославија некои јубилеи. За Тимур Дибиров тоа беше година во која го прослави 400 гол во регионалното натпреварување и е наш најпрецизен стрелец особено што сите голови ги има во дресот на Вардар.

Даинис Криштопанс е најефикасен стрелец во СЕХА лигата воопшто, со 600 гола но тие ги постигна во три различни екипи, во Татран, Мешков и Вардар.

Игор Карачиќ е играч со најдолг стаж во „црвено-црниот" дрес, и тој лани го прослави 300 постигнат гол и 100 настап во СЕХА лигата. Игор Чупиќ прослави 100 настапи за Вардар во СЕХА лигата.

Михајло Марсениќ кој во првиот дел од годината играше за Вардар го прослави 200 гол во лигата.

четврток, 3 јануари 2019 - 20:34