Ќе се формира пионерска репрезентација - десетмина вардарци повикани на списокот

Пионерската екипа на Вардар оваа полусезона ја заврши со девет победи на исто толку натпревари во својата група во првенството на Македонија покажувајќи дека е еден од тимовите што сигурно ќе атакува и на титулата во оваа конкуренција. За првпат ќе се формира и пионерска репрезентација на Македонија и десетмина играчи на Вардар се повикани на подготовките.

На првиот собир на оваа репрезентација ќе биде извршена селекцијата што во иднина ќе треба да настапува на турнири. Вардароците играчи се меѓу оние што сезонава покажаа најмногу, и индивидулано и тимски, па тренерите во репрезентацијата Радослав Стојановиќ и Кирил Атанасовски ќе имаат шанса да ги видат нивните квалитети и на дело.

Нашите најмлади ракометари што настапуваат во системот на РФМ се предводени од Зоран Петковски кој сезонава има одличен тим.
На подоготовките во Автокоманда треба да се појават и: Никола Спасовски, Марио Стојановски, Кирил Симоновски, Стефан Ристевски, Андреј Петрушевски, Христијан Петковски, Матеј Трајановски, Александар Стојменов, Георгиј Спасовски и Ангел Ицев

четврток, 12 декември 2019 - 14:37