Ќе презимиме на петтата позиција во групата

По одигрувањето на 10 коло во Б групата од Лигата на шампионите, нашите ракометари заминуваат на двомесечна пауза, и со 12 бода на салдото. До одигрување на последните четири натпревари ќе бидеме на петтата позиција, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Во нашата група сега е вистинска мешаница, каде сите екипи имаат реални шанси да бидат што е можно погоре на табелата. Она што нам не ни успеа за малку во Барселона сега го направи Кјелце чии ракометари го победија европскиот првак со 33-31. На победата се радуваше и ПИК Сегед на средбата со Рајн Некар, 30-24.
Првопласираниот тим од групата ќе игра директно во четврт-финалето на ЛШ, а оние што се пласирани од 2 до 6 место ќе играат во осминафиналето, против ривали од другата А група, и плус двата најдобри тима од послабите Ц и Д група на ЛШ.

Резултати, 10 коло
Вардар - Колдинг 34-24
Кристијанштад - Монпелје 29-30
Барселона - Кјелце 31-33
ПИК Сегед - Рајн Некар 30-24

Табела
 

сабота, 5 декември 2015 - 23:21