Кизиќ и Димитриоски ќе патуваат со репрезентацијата на Трофеј Карпати

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац повика 19 ракометари што ќе патуваат на пријателски средби во Србија и Романија. На списокот се наоѓаат и ракометарите на Вардар, голманот Марко Кзиќ и левото крило Димитар Димитриоски.

Собирот е закажан за 20 декември во Скопје. Потоа се заминува за Србија каде ќе одиграат контролни натпревари и потоа с епродолжува за Романија на Трофеј Карпати.

На овој список ги нема искусните ракометари што досега беа стандардни, и тие ќе се приклучат подоцна.

вторник, 10 декември 2019 - 14:55