Кил ги однесе бодовите од Скопје

По 6 одиграни кола во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите екипата на Вардар остана на сегашните 5 бода. Во Скопје од дуелот со Кил, гостите заминаа дома со два вредни бода. За „црвено-црните" ова е трет пораз сезонава во групната фаза.

Имавме добро прво полувреме, расположен голман (Томовски) и водство од 13-10 по првите 30 минути. И до 40 минута бевме во позитива. Но, потоа Кил израмни и почна д аги казнува нашите грешки. Влеговме во „германската машина" и потоа беше тешко да се вратиме во игра. Последните минути повторно ја вративме незивесноста, ама стигнавме само на негатива од два гола.

Периодот од 41 до 50 минута беа клучните за победникот бидејќи тогаш Кил успеа да направи пресврт и да има целосна контрола до крајот за обезбедување на триумф. Во 51 минута Кил го имаше и највисокото водство од 25-21.

Пчетокот на натпреварот ветуваше дека можеме да триумфираме. Вардар имаше контрола, Мартин Томовски врза одбрани во серија и заедно со Тимур Дибиров беа играчите кои ги водеа „црвено-црните" кон позитивен резултат. Уште при наше водство од 3-1, Томовски имаше три одбрани. Контри, зицери од далеку... се бранеше Томовски. Малку го користеше тоа Вардар во нападот, па продолжи да с еигра „гол за гол".

Во последните неколку минути пак до израз дојде Томовски и неговите три одбрани со кои Вардар направи серија и на одмор замине со предност од 13-10.

Првите десет минути од второто полувреме останаа со иста предност за Вардар. „Црвено-црните" имаа контрола и водеа со 18-15 кога за седум минути сè врати назад и Кил не само што израмни туку и имаше водство.

Вардарци се обидоа, но не можеа да се вратат во средбата. Имаше моменти кога имаа и двајца играчи повеќе, но и тогаш не успеваа бидејќи Дувњак беше расположен и погодуваше од секоја позиција. На крајот беше 26-29.

zapisnik_vardar-kiel.pdf

среда, 27 октомври 2021 - 23:52

Share on Facebook