Келн ние доаѓаме!!!

Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Во реванш натпреварот на домашен терен го декласиравме Флензбург со 35-27 (15-10) и во четвртиот обид стигнуваме меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Како се приближува крајот на лигата на шампионите така Вардар игра сѐ подобро, поубаво и доаѓаат резултатите што ги очекуваме и посакуваме. По победата од 26-24 на првиот меч во Германија, на реваншот во Скопје, не само што триумфиравме, туку и му одржавме ракометна лекција на Флензбург, кој заминува со втор пораз сезонава од Вардар.

Убаво беше вечерва да се биде во салата во СЦ „Јане Сандански", да се почувствува атмосферата, адреналинот на трибините и меѓу играчите. Сите размислуваа само за едно, за победа и за пласман во Келн. Она што четири години го чекавме, на што се надевавме и работевме напорно.

И сѐ беше како што посакувавме, одбраната беше одлична, Штербик и Милиќ на ниво, а нападот разновиден, убоит и пред сѐ ефикасен. Тренерот Раул Гонзалез не дозволи ниту за миг противникот да се понадева дека може да биде макар и блиску до ситуација од која може нешто да стори, и да ни ги помати сметките.

Следува поширок извештај..

 

четврток, 27 април 2017 - 20:46