Калифа Гедбан пристигна во Скопје

Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан пристигна во Скопје и од денска ќе се приклучи на тренинзите на тимот. Тој ги мина лекарските прегледи а сега ќе му биде на располгање на тренерот Роберто Парондо.

Гедбан има право за настап во групната фаза од лигата на шампионите, бидејќи навреме беше пријавен во Европската ракометна федерација.

Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Тој е првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим.

Со своите настапи последниве сезони доби доста понуди за настап. Станува збор за голман висок 200 см. за кого се предвидува дека во иднина ќе биде добра перспектива.

среда, 26 Септември 2018 - 10:50

Share on Facebook