Како се избираат бројките: Три деца, јас и жена ми = 32

Новите ракометари во Вардар веќе речиси една недела напорно тренираат за новата сезона. Задолжена е опремата со која ќе се настапува, и интересно е како се избрани броевите на нивните дресови.

Единствениот што досега веќе има искуство со играње во дресот на „црвено-црните" е Сергеј Горбок. По две сезони минати во Унгарија левиот бек е пак во нашите редови.
Го задолжи истиот дресо со бројот 32. Интересна е приказната зошто токму тој број го избра да го носи на дресот.

„Јас овој број го имав и кога играв претходно за Вардар. Приказната е многу едноставна. Имам три деца, и плус јас и жена ми, а тоа го дава бројот 32, ни објаснува Горбок.

Првпат во СЦ „Јане Сандански" доаѓа Дејан Милосављев. Голманот избра бројка поврзана со неговиот почеток на репрезенттаивната кариера.
„Бројката што ја сакав веќе се користеше па морав да изберат некоја друга. Бројот 96 е повран со мојот прв настап во репрезентацијата на Србија. Таму го носев тој број. Така и сега продолжувам со тој број, вели Милосављев.

Да избере нов број мораше и бекот Димитри Кисељев. Досега во тимот на Санкт Петербург тој го имал бројот 5. Но, бидејќи овој број во Вардар го има капитенот Стоилов, сега Кисељев реши да има повторно петка но со додавање на нула, па така го избра бројот 50.

Сташ Скубе го избра бројот 20, истиот со кој играше и во ПИк Сегед од каде дојде во Вардар.

Вардар утре заминува на подготовки во Словенија, а од таму на турнир во Германија. До крајот на месецов ни претстои и меч од Супер Купот на Македонија, турнир во Франција.

понеделник, 30 јули 2018 - 15:23