Кадетите на Вардар1961 ќе се борат на Ф4 турнирот за титулата

Младите ракометари на Вардар1961 во кадетска конкуренција ќе се борат за титулата на Ф4 турнирот што во среда ќе се одржи во Богданци. Противници на нашите кадети ќе им бидат врсниците од Младост Богданци, Струга и Металург.

Во полуфиналето кадетите на Вардар1961 на 23 јуни ќе играат со Младост од 11 часот, а во второто полуфинале се среќаваат Струга и Металург (13 ч.)
Финалето е во 19,30 часот.

Вкупно 21 тим во кадетска лига беа пријавени и поделеи во четири групи. Нашите ракометари забележаа три победи и едно реми, и како првопласирани продолжуваат на Ф4 турнирот. Во групната фаза Вардар1961 играше со Куманово, ГА КЛ7, Бутел и со Ѓорче Петров.

Резултати од групната фаза
Вардар1961 - Куманово 21-20
Вардар1961 - ГА КЛ7 17-17
Вардар1961 - Бутел 15-14
Вардар1961 - Ѓорче Петров 28-9

 

понеделник, 21 јуни 2021 - 12:37

Share on Facebook