Кадетите на Вардар триумфираа во Кичево

Натпреварувачката сезона 2017/18 и за кадетите се приближува кон финалниот турнир. Со уште едно коло до крајот на регуларниот дел од сезоната, Вардар во Кичево триумфираше против Војнисон со 46 : 17 (24 : 9) зацврстувајќи ја својата позиција на врвот од табелата во нашата група.

Кадетите на Вардар, предводени од Адријана Будимир ја привршуваат сезоната со одлични резултати, вкупно 12 победи и едно реми од вкупно одиграни 13 кола. Останува за крај мечот за екипата на Бутел, пошто може да се подготвуваме за Ф4 турнирот од кадетското првенство.

Во Кичево, пак, црвено – црните брилираа на ракометниот паркет, наметнувајќи го својот ритам, кој се покажа недостижен за момчињата од Војнисон. Прецизни во нападот, и со одлична одбрана победија со гол разлика од 29 голови.

Војнисон – Вардар 17 : 46 (9 : 24)

Вардар: Д. Стојкоски 1, М. Јовевски 4, М. Мишевски 6, Б. Чакалиќ 3, Б. Павловски 3, Ф. Атанасоски 4, Н. Анѓелески, Д. Димитриевски 4, М. Јанчев 3, Д. Србиновски 4, В. Грујовски 2, Г. Трајчевски 1, Д. Савревски 7, Б. Димчевски 1, Д. Мирчевски 1, С. Калајџиески 2.

недела, 13 мај 2018 - 18:04