Кадетите на Вардар се изборија за Ф4 и ќе се борат за титула

Амбицијата е да се освои шампионската титула во кадетска конкуренција, но со победата на последниот натпревар од регуларниот дел од првенството, нашите млади ракометари уште еднаш потврдија дека за Вардар таргетот е врвот. На мечот од последното коло против Македонија Ѓорче Петров, избраниците на Андријана Будимир и Аце Станковски победија со 46 : 21 (24 : 12).

Два дена пред овој меч младата вардарска екипа настапи на натпреварот од Супер лигата против Пелистер, каде недостатокот на искуство против возрасните ракометари ги остави без победа, но покажаа дека можат за загризат многу посилно од своите врсници.

Црвено – црните на мечот во СЦ „Јане Сандански" стартуваа самоуверено и постепено ја создаваа предност. Противникот на почетокот од играта ги следеше резултатски до 6 : 5, а потоа вардарци почнаа да ја зголемуваат разликата. Во следните неколку минути поведоа со 11 : 6, кои потоа само продолжија да раснат пропорционално до 24 : 12, кога замиваме на пауза. Во второто полувреме, надмоќноста на вардарци уште посилно се наметна, та набрзо беше 20 : 11. Нападот продолжи да создава проблеми за одбраната на гостите, кои тешко создаваа шанса за да го нападнат нашиот гол. Натпреварот заврши со 46 : 21.

Најмногу голови на мечот постигна Андреј Пешевски – 8. По шест голови постигнаа Даријан Петков и Марио Мишевски, додека Филип Атанасовски и Давид Мирчевски натпреварот го завршија со по пет голови.

Во Ф4 турнирот следната недела покрај Вардар ќе настапат и екипите на Прилеп, КЛ-7 и Еурофарм Работник.

понеделник, 27 мај 2019 - 11:58