Кадетите на Вардар незапирливи

Победнички и дома и на гости, вардаровите кадети досега сезонава незапирливо галопираат кон врвот во нивната група. Црвено – црните на натпреварот со екипата на Пролет 62 победија со 32 : 25 (15 : 10). До крајот на првиот дел од сезоната во кадетското првенство, на избраниците на тренерите Андријана Будимир и Ацо Станковски им остануваат уште два натпревара, и тоа во следното коло сме домаќини на Металург, а потоа гостуваме кај Македонија ЃП.

Првите минути од натпреварот во салата Македонско сонце, беа во знакот на домаќинот кој брзо поведе со 4 : 2, но потоа следеше пресврт. Се изборивме за предност од еден гол за 5 : 4, а откако домаќинот израмни на 5 : 5, имавме серија од погодоци со кои резултатски се одлепивме со позитива од 5 гола, за 10 : 5. Предност која успешно ја одржавме до крајот на полувремето. На пауза заминавме со водство од 15 : 10. Прецизниот напад и координираната одбрана нѐ одржаа во водство до крајот на полувремето, а највисоката предност која ја имавме во текот на натпреварот беше +11 гола за 28 : 17. Најдобар стрелец на мечот беше Давид Савревски со 8 гола. Натпреварот го завршивме со победа од 32 : 25.
Во истиот состав, екипата од викендов стартува и со натпревари во младинското првенство, и тоа првото коло играат на гости кај Работнички.

Пролет 62 – ВАРДАР 25 : 32 (10 : 15)

ВАРДАР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски, Бојан Чакалиќ 7, Борис Павловски 5, Андреј Трајановски, Дамјан Димитриевски 3, Леонид Чорогунов, Дамјан Србиновски 3, Велимир Грујовски 1, Давид Савревски 8, Андреј Пешевски 2, Благој Димчевски, Давид Мирчевски, Бране Трифуновски, Антонио Пешевски 1, Симон Калајџиески 2.

четврток, 11 октомври 2018 - 22:28