Кадетите на Вардар јуниор триумфираа против врсниците од Металург 2 и младинците на Пелистер

Кадетите на Вардар јуниор триумфално го завршија есенскиот дел од сезоната со шест победи од шест одиграни натпревари. Убедливи на врвот од група 1, последната победа ја прославија против екипата на Металург 2 со 43 : 17. Црвено – црните победа славеа и во младинска конкуренција, каде настапуваме со истата екипа, против екипата на Пелистер со 32 : 15.

Пролетниот дел од сезоната 2019/20 црвено црните кадети на Вардар јуниор ќе го пречекаат на врвот, навестувајќи дека амбициите на екипата и годинава се насочени кон врвот на државното кадетско првенство. Во првиот дел од сезоната имаат максимален учинок, а доминантноста на екипата се гледа и во тоа што повеќето од победите беа реализирани со двоцифрена разлика во однос на противникот.

Победничките особини и амбиции на избраниците на Андријана Будимир и на Аце Станковски се покажаа и на последниот натпревар од есенскиот дел на сезоната против екипата на Металург 2. Иницијативата на почетокот беше наша, но и гостите почнаа амбициозно до изедначувањето од 3 : 3. Потоа почна фуриозниот ритам на црвено – црните. Набрзо имавме предност од 8 : 3, потоа 10 : 5, а веќе до паузата водевме со 19 : 9. Прецизноста во нападот и одличната координираност во одбрана продолжија до крајот на мечот за триумф со 43 : 17.

Повеќе фотографии од натпреварот на следниов линк.

ВАРДАР ЈУНИОР – Металург 2 43 : 17 (19 : 9)

ВАРДАР ЈУНИОР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски – 3, Бојан Чакалиќ - 7, Филип Атанасовски – 2, Ненад Ангелковски, Дарјан Петков - 3, Дамјан Димитриевски, Бране Трифуновски, Дамјан Србиновски – 4, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Давид Савревски – 7, Андреј Пешевски – 6, Благој Димчевски – 6, Леонид Киселоски – 3, Симон Калајџиески – 2.

Кадетите на Вардар јуниор се натпреваруваат и во младинска конкуренција, каде викендов ја забележаа втората победа по ред, овој пат против екипата на Пелистер. Инстиктивно црвено – црните ја полнеа мрежата на Металург 2. На резултатот 4 : 3, следеше голгетерска низа на црвено - црните од 6 гола за водство од 10 : 3. Потоа предноста лесно се одржуваше и постепено се зголемуваше. Полувремето го завршивме со 13 : 7, а во второто полувреме дадовме уште 19 гола. Конечниот резултат ја отслика надмоќноста на Вардар Јуниор против гостите од Битола, 32 : 15.

Повеќе фотографии од натпреварот на следниов линк.

ВАРДАР ЈУНИОР – Пелистер 32 : 15 (13 : 7)

ВАРДАР ЈУНИОР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски - 2, Бојан Чакалиќ – 3, Илија Миндошев - 1, Андреј Такалевски - 3, Ненад Ангелковски, Дарјан Петков – 1, Дамјан Димитриевски – 2, Дамјан Србиновски – 1, Велимир Грујовски - 1, Давид Савревски – 6, Андреј Пешевски – 3, Благој Димчевски – 2, Леонид Киселоски – 3, Симон Калајџиески – 3, Христијан Михајловски - 1.

понеделник, 2 декември 2019 - 12:36