Кадетите ќе играат на турнир во Босна и Херцеговина

Кадетите на Вардар следниве три дена учествуваат на меѓународниот турнир „Локомотива куп 2018" што традиционално се одржува во Брчко, Босна и Херцеговина. Избраниците на Андријана Будимир и Ацо Станковски се натпреваруваат во категоријата момчиња родени 2002 година во конкуренција на вкупно 18 екипи.

Вардар е во Б групата заедно со екипите на Загреб и на Максимир, како и репрезентацијата на Израел.
Првиот натпревар на вардарци е на 19 декември, среда, во 12.20 часот против репрезентацијата на Израел, а се игра во салата Економска.

Во четврток, на 20 декември во 12.30 часот играме против екипата на Максимир во салата Гимназија, додека 17.10 часот во салата Економска играме против екипата на Загреб.

Следниот ден, в петок се играат натпреварите за подобар пласман.

Атрактивноста на турнирот доаѓа од големиот број на звучни ракометни клубови, чиј подмладок веќе неколку години по ред учествуваат на натпреварите, како и успешни и напредни младински тимови чии клубови не се препознатливи, но имаат долга ракометна традиција. Во нашата категорија на турнирот се натпреваруваат тимовите на Веспрем, Пик Сегед, Загреб, Татран, Партизан, Локомотива, Дуго Село, Војводина и други, што е одлична можност за унапредување на искуството и вештините на нашите момчиња.

вторник, 18 декември 2018 - 15:20